Дома Останати Ракомет Гаџа: Менувам светски играчи, играњето за Вардар е голем предизвик

Гаџа: Менувам светски играчи, играњето за Вардар е голем предизвик

Анте Гаџа е еден од ракометарите кои го засилија Вардар за новата сезона.

Пред саботниот натпревар против Нексе во СЕХА лигата Гаџа даде интервју за интернет страницата на ова натпреварување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Вардар е европски шампион и тоа е предизвик за мене. Во Македонија ракометот е многу популарен и затоа едвај чекам да играм пред полна сала. Преминувањето во Вардар е чекор напред во мојата кариера. Свесен сум дека во Вардар играа играчи од светска класа на мојата позиција и нема да биде лесно да ги наследам, соиграчите се тука да ми помогнат“, изјави Гаџа.

Вардар од првиот натпревар одигран во Нашице има предност од 30:31.

„Имаме предност, но не е многу голема. Нексе направи промени и тоа е нивна предност. Сакаме да стигнеме до Ф4 и да се бориме за трофејот. Тешко е да се предвиди кој ќе биде шампион, најважно е да играме во Задар“, заврши засилувањето на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Брестовац заедно со Ал Араби го освои Купот на Катар

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжув…