Франк Де Бур, селекторот на Холандија стана хит во неговата земја вчера после грешката која ја на направи на прес-конференцијата.
После ремито 2:2 на пријателскиот натпревар со Шкотска, Де Бур разговараше со новинарите. Едно прашање од новинарите гласеше кој би можел да игра на позицијата десно крило на Европското првенство.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Мислам дека Квинси Мениг може да одговори на таа позиција“.
Во тој момент завладеа краток молк во солата. Проблемот беше што Квинси Мениг е фудбалер на Твенте и воопшто не доби повик за Европското првенство. Се претпоставува дека Де Бур мислешее на Квинси Промес.
Ќе потсетиме Холандија е во група со Македонија и со нив 21. јуни ќе играме во Амстердам во третото коло од квалификациите.