Наполи вчера ја победи Џенова, а после натпреварот Гатузо не зборуваше само за резултатот. Стратегот на Наполи не можеше да го избегне прашањето за трансферите.
Многу се шпекулира дека полскиот напаѓач Милик ќе си замине од „Сан Паоло“ бидејќи одби да го продолжи договорот. Милик се поврзуваше со трансфер во Атлетико или Јувентус. Гатузо со изјавата по натпреварот го потврди неговото заминување.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Тешко ќе најдеме негова замена и подобра деветка за нас. Тој смета дека го достигнал врвот во Наполи и сака промена, мораме да го разбереме. Мораме да ги почитуваме играчите“, изјави Гатузо.