Стратегот на Аталанта Џампиеро Гасперини призна дека го боли поразот од ПСЖ кој неговата екипа го доживеа во натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Аталанта беше на чекор од исторски успеј, но сепак падна во судиското продолжение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најмногу жалам затоа што бевме толку блиску и помисливме дека можеме да успееме. Сепак, останува задоволството од тоа што зад нас имавме одлична сезона во Лигата на шампионите. Констатно се подобруваме против најдобрите во Европа. Можам да им се заблагодарам за се што направија оваа сезона“.
„Тие имаа шанси, можевме и порано да примиме гол што до некаде ќе беше и подобро. Вака боли повеќе. Лигата на шампионите е посебно натпреварување. Пред некое време прочитав што кажа Мурињо, изјави дека тука детали ги решаваат натпреварите. Ова е токму тоа. Преку Џимшити имавме шанса за 2:0, но за жал не ја реализиравме“, изјави Гасперини.