Аталанта синоќа загуби на домашен терен од Милан, а тренерот Гасперини остана воодушевен од „росонерите“.
„Росонерите“ доминираа во текот на целиот меч и имаа водство од 3:0 се до 86-та минута, а Аталанта во последните минути успеа да постигне две гола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Рано примениот гол многу влијаеше на натпреварот, а потоа вториот гол дојде по наша грешка. Кога Милан дојде до 2:0 ние ја загубивме самодовербата, но треба да му оддадеме почит на Милан, кој игра фантастично“.
„Денес Милан особено ме импресионира. Играат на уникатен начин и со многу интензитет. Во моментов во Серија А нема тим како росонерите“, истакна Гасперини.