Дома Фудбал Италија „Газета“ удри по Милан: Во овој тим има играчи кои не би можеле да ги чистат копачките на Кака и Шевченко!

„Газета“ удри по Милан: Во овој тим има играчи кои не би можеле да ги чистат копачките на Кака и Шевченко!

Милан вчера изгуби во Бергамо од Аталанта 5:0 и тоа беше најтешкиот пораз за клубор во последните 20 години.

Тимот на Стефано Пиоли одигра кастрофален натпревар и Божиќ ќе го дочека на 11. место на табелата. Милан е огромни 14 бода одалечен од местото кое води во Лигата на шампионите, а само седум од зоната за испаѓање. Еден од најголемите клубови во светот го изгуби идентитетот, изгубен е во клупската политика, накратко – ништо не оди!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ денес излезе со насловна на која напиша „спасете го Милан“.

„Ова е пекол. Тимот се распаѓа, а управата се подели на фракции. Помеѓу сите во клубот очигледно е несогласување. Ова стана провинциски тим, а она што на сите им е јасно е дека Милан повеќе не е Милан. Тоа повеќе не е клубот кој седум пати ја освојуваше Европа. Нема ниту грам од таа стара слава и дури најголемите оптимисти престануваат да сонуваат. Нешто ќе се прашуваат и Паоло Малдини и Звонимир Бобан кои Американците ги доведоа како луѓе на кои Милан им е во душата, но тие не успеаа да создадат вистински тим. Во овој тим на Милан има играчи кои пред 10 години не би можеле ниту да влезат во Миланело, тешко би можеле и да ги чистат копачките на Пирло, Шевченко, Сидорф и Кака“, пишува „Газета“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…