Дома Трансфер зона „Газета“: Се работи на трансферот на Манџукиќ

„Газета“: Се работи на трансферот на Манџукиќ

Oткако Ковач во Баерн го врати Иван Перишиќ сега работи на трансферот на уште еден Хрват.

Овој пат станува збор за Марио Манџукиќ кој би требало да го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нико Шира, новинарот на „Газета дело спорт“ пренесува дека Баерн работи на овој трансфер.

Баерн во овој момент располага со 18 играчи (не сметајќи ги голманите), а нови засилувања се очекуваат до 2-ри септември кога завршува преодниот рок.

Засега идејата е Манџукиќ да оди на позајмица во Баерн кој во 2020 година би го отпил неговиот договор. Покрај Баерн за него интерес покажа и Борусија Дортмунд, но Нико Ковач би можел да биде клучниот фактор во изборот на фудбалерот.

Јувентус за Манџукиќ сака 15 милиони евра ако трансфер се реалзира веднаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…