Дома Фудбал Италија Газдата на Јувентус во нов проблем: Клубовите од Серија А му спремаат тужба?

Газдата на Јувентус во нов проблем: Клубовите од Серија А му спремаат тужба?

Газдата на Јувентус и вториот човек на несудената Суперлига, Андреа Ањели би можел наскоро да се најде во големи проблеми, зашто против него се подготвува тужба од страна на тимовите од Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газета дело Спорт“ пишува дека Ањели бил еден од членовите на комисијата која преговарал со инвестицискиот фонд „Капитал Партнерс“ за италијанските тимови да добијат 1,2 милијарди евра.

Меѓутоа, Ањели ги прекинал преговорите во последен момент затоа што се предомислил, поради што целиот проект пропаднал и поради тоа се подготвува тужба против него.

Клубовите се подготвени да го тужат Ањели, кој многумина го сметаат за предавник бидејќи ја уништил инвестицијата и мислел само на Јувентус, кој требаше да игра во Суперлигата и да добие голема сума на пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…