Дома Фудбал Останато Газдата на ПСЖ: Му се воодушевувам на Роналдо

Газдата на ПСЖ: Му се воодушевувам на Роналдо

Насер Ал-Келаифи (46) претседателот на францускиот шампион ПСЖ во интервју за „Франс Фудбал“ призна дека му се воодушевува на Кристиано Роналдо (35).

За Келаифи Роналдо е еден неверојатен пример за сите спортисти.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Му се воодушевувам на неговата неверојатна желба. Тој од ден во ден сака да биде подобар и да напредува. Таквото размислување секогаш го доведува до неговите граници. Од година во година со својот карактер покажува посебна одлучност и има извонредна сила и карактер“, изјави Келаифи.

Роналдо во 2018 година од Реал Мадрид премина во Јувентус, а потоа во интервју за „Ел Мудно“ призна дека и ПСЖ бил една од опциите да ја продолжи кариерата. Наводно Французите биле заинтересирани за неговите услуги уште во 2016 година, но нивната понуда не поминала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул заврши голема работа: Алисон останува на Енфилд!

Раководството на Ливерпул ја активираше клаузулата во договорот со Алисон Бекер, со што го…