Дома Фудбал Англија Газдата на Манчестер Сити: Ќе доминираме во следните 10 години!

Газдата на Манчестер Сити: Ќе доминираме во следните 10 години!

Сопственикот на Манчестер Сити, Шеик Мансур самоуверено изјави дека неговиот клуб ќе доминира во следната деценија.

Мансур го купи Сити пред 10 години и веќе потроши 1,3 милијарди фунти за развој на тимот и истакна дека има долгорочни планови за клубот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Што ќе ни донесат следните 10 години? Останувам многу амбициозен и мислам дека сме во средината на искачувањето на нашиот „Еверест“. Имаме да завршиме уште многу работа и да се освојат уште многу трофеи“, изјави Мансур.

„Ќе продолжиме да се обидуваме да ги привлечеме најголемите таленти во клубот и да работиме максимално ефикасно на сите нивоа“, додаде сопственикот.

Под негово водство, „граѓаните“ освоија седум трофеи, вклучувајќи ги и трите титули во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус има нов главен спонзор: Познато колку пари ќе заработи

Јувентус потврди дека склучи договор со два спонзори чии имиња ќе бидат истакнати на негов…