Дома Топ вести Габриел Жесус се сели во Серија А за 60 милиони евра

Габриел Жесус се сели во Серија А за 60 милиони евра

Јувентус покажува сериозен интерес за ѕвездата на Манчестер Сити, Габриел Жесус, пренесува „Газета дело Спорт“.

Бразилецот е примарна трансфер цел на „бјанконерите“ без разлика дали Роналдо ќе остане во Торино или ќе замине.

Јувентус наскоро ќе стапи во контакт со Манчестер Сити и ќе започне преговори, бидејќи Бразилецот е голема желба на Алегри.

Жесус го загуби местото во првиот тим, па Сити нема да му прави проблем доколку сака да замине, но за неговата слобода бара 60 милиони евра.

Јувентус има проблем да ја плати таа сума веднаш, па ќе се обиде да го донесе Бразилецот на позајмица со задолжителен откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Победа на сениорите против Црна Гора на втората „контролка“

Одличен настап на сениорите, и победа од (65:58) во втората „контролка“ со Црна Гора Гости…