Дома Фудбал Ужасна вест за Арсенал: Жесус го чека подолга пауза!

Ужасна вест за Арсенал: Жесус го чека подолга пауза!

Напаѓачот на Арсенал Габриел Џесус го повреди предниот вкрстен лигамент на коленото на натпреварот против Манчестер Јунајтед во третото коло на ФА купот, а британските медиуми известија дека станува збор за руптура.

Бразилецот беше во стартниот состав во неделата, а излезе во 42. минута и на негово место влезе Рахим Стерлинг.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Шефот на стручниот штаб Микел Артета истакна дека нема официјална потврда, но дека не изгледа добро и дека „топџиите“ веќе бараат замена.

“Сега знаеме повеќе… Воопшто не изгледа добро. Мора да се провери со уште еден специјалист, а попладне ќе имаме повеќе информации. Не сакам ништо да потврдам додека не добиеме конечна дијагноза. Бевме многу загрижени по натпреварот, а многу сме загрижени и денес“, објасни шпанскиот тренер на прес-конференцијата во вторник.

Жесус има 27 години, а во 2022 година дојде во лондонскиот клуб од Манчестер Сити. За Арсенал постигна 26 голови на 96 натпревари, а во последните седум натпревари ја затресе мрежата шестпати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал со пресврт до значајна победа на „Етихад“🎥

Фантастичен дуел помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, каде што „кралевите“ успеаја да дојд…