Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса, познат како Габигол би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Според информациите на англиските медиуми екипата на Лестер го контактирала Фламенго за да го договори Габигол. Бразилскиот напаѓач кариерата би можел да ја продолжи на „Кинг Пауер“ стадионот. Ова за него би било враќање во Европа после неуспешните епизоди во Интер и Бенфика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 2016 година во Интер пристигна како некој кој е најавуван како „новиот Роналдо“. Платен беше 30 милиони евра, но не се снајде и постигна само еден гол на десет натпревари. Следуваше позајмица во Бенфика. Таму настапи на четири натпревари после што се врати во Бразил и започна од почеток.
Тоа му се исплатеше. Повторно блесна во Сантос, па се пресели во Фламенго за 18.5 милиони евра. Габигол има 24 години и се уште не му е доцна да се докаже во Европа, па овој повик би можел да биде примамлив.
Тандем Варди – Габигол звучи навистина моќно.