Дејвид Мојс сака да го ангажира Бразилецот, Габриел Барбоса или познат како Габигол.
Вест Хем покажал голем интерес за Габигол кој во неговиот прв мандат во Европа не се снајде баш најдобро. Бразилецот дојде во Интер, потоа беше дел и од Бенфика, па се врати во Бразил каде што ја оживеа својата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чеканите“ за услугите на Габигол испратиле понуда од 6 милиони евра за позајмица од 18 месеци, меѓутоа Фламенго не сака да се раздели со својот напаѓач. Така таа понуда од шест милиони евра експресно била одбиена.
Сепак, не се исклучува можноста преговорите да продолжат. Габигол наводно нема ништо против да се пресели во Англија и би сакал да сорабтува со Дејвид Мојс. За Фламенго на 147 натпревари Габигол постигна 104 гола.