Габриел Барбоса летото 2016 година дојде како големо засилување во Интер од редовите на Сантос.
Интер за бразилскиот тинејџер плати 30 милиони евра, но популарниот Габигол не ги оправда очекувањата на „Меаца“.
Тој одигра само десет натпревари во неговата прва сезона за Интер и постигна само еден гол. Една година подоцна се пресели на позајмица во Бенфика кaде што исто така не се наигра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На крајот се врати во Фламенго и тоа за него беше одличен потег бидејќи игра во одлична форма и е најзаслужен што овој клуб го освои трофејот во Копа Либертадорес после 38 години.
За неговото време во Интер зборуваше и неговиот агент Вагнер
Рибеиро кој порача дека поединци биле љубоморни на Габигол.
„Имаа голема забава кога дојде во Интер, многу поголема од онаа кога Кака дојде во Милан. Тоа не им се допадна на Икарди и Занети кои беа љубоморни на него. Тој е одлична личност и во Фламенго покажа за каков играч се работи. Во Интер не му дозволија да успее“, изјави Рибеиро.