Фудбалерите на Челзи го дочекуваат Евертон, а Тотенхем екипата на Вест Хем во преостанатите дуели од Лига Купот.
Покрај Гвардиола и Мурињо, синоќа, вечерва Антонио Конте и Покетино ротираат пред продолжението во Премиер лигата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што можеше да се очекува, го нема Кејн, Ериксен, Али, Мората, Педро, Азар, Фабрегас, Луиз, а веста на вечерта е дека Дени Роуз почнува еден меч по повеќемесечна пауза, како и Дринквотер кој ќе дебитира за Челзи.
Треба да се истакне дека вечерва е можеби последниот меч за Салвен Билиќ на клупата на Вест Хем, а и покрај тоа не смееше да го изведе најсилниот состав, додека Евертон во Лондон стигна со привремен менаџер.