Дома Останати Вујовиќ не сака трофеј за најдобар бидејќи смета дека не го заслужува!

Вујовиќ не сака трофеј за најдобар бидејќи смета дека не го заслужува!

Легендарниот ракометен стратег Веселин Вујовиќ нема намера да го добие трофејот за најдобар тренер во изминатата сезона.

Во традиционалниот избор на порталот „Балкан хендбол“ за тренер на годината во регионот, токму Вујовиќ му е најголем ривал за признанието на Лино Червар, а во конкуренција се и Љубомир Обрадовиќ, Зоран Рогановиќ и Драган Аџиќ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, Вујовиќ јавно се огласи и побара да не гласаат за него, бидејќи смета дека не го заслужува тоа признание.

„Почитувани пријатели, Балкан хендбол секоја година го бира најдобриот тренер во регионот со помош на вашите гласови. Секако дека ми годи тоа што сум на водечката позиција, но по сите критериуми ова признание годинава му припаѓа на Лино Червар, освојувач на сребрен медал со хрватската репрезентација“, напиша Вујовиќ на Фејсбук.

Вујовиќ го однесе Загреб до завршниот турнир во СЕХА лигата, а овај гест додатно ја покажува неговата големина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…