Веселин Вујовиќ има статус на вистинска легенда на Балканот.
Пред почетокот на Мундијалот, Вујовиќ откри дека на Светското првенство во Данска и Германија ќе навива за „своите“ – Србија, Хрватска и Македнија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, денес од 18:00 часот ние играме против Хрватска и Вујо на овој натпревар ќе навива за Хрватите.
„Јас навивам за Хрватска и кога зборувам често пати ми „влетува“ она „ние“, тоа доволно зборува колку ја сакам оваа репрезентација. Македонија е тврда и тактички подобра, додека Хрватска има подобар индивидуален квалитет. Раул Гонзалез е фантастичен селектор и паметно го одмори Кирил Лазаров“.
„Лино треба да одлучи како игра против Македонија и дали ќе го менува системот и дали ќе игра поагресивно. Јас секогаш на моите играч им кажувам дека треба да научат кога да трчаат, а кога да одморат“, изјави помеѓудругото Вујовиќ.
Македонија против Хрватска ќе ја „брка“ третата победа во третиот натпревар на Светското првенство.