Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Вучиќ за мечот за бронза: Ќе навивам за Мароко, тие се наши браќа

Вучиќ за мечот за бронза: Ќе навивам за Мароко, тие се наши браќа

Српскиот претседател Александар Вучиќ во текот на Мундијалот знаеше да искоментира по нешто за најголемиот спортски настан, а сега даде коментар за кого ќе навива во натпреварот за трето место помеѓу Хрватска и Мароко.

Мароко е репрезентација која е вистински хит на Светското првенство. Станаа првата африканска репрезентација која играла полуфинале, а утре ќе се бори со Хрватска за бронзата. Вучиќ за финалето не откри за кого ќе навива, но во овој натпревар порача дека ќе навива за Мароко.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во финалето не знам за кого ќе навивам, но знам за кого ќе навивам во натпреварот помеѓу Хрватска и Мароко. Ќе навивам за Мароко, тие се наши браќа. Вистински браќа затоа што никогаш не го признаа Косово. Тие имаат нивни проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажете дека цел Нови Пазар навива за Мароко, а јас треба да кажам дека не навивам за нив зошто се муслимани? Епа, тие се нашите браќа“, изјави Вучиќ.

Вучиќ во продолжение од изјавата објасни дека секогаш навивал против Хрватска.

„Ги почитвам, одете на море во Хрватска, јас не сакам да одам. Навивајте за Хрватска, ве има можебе 11-12 отсто. Но јас не сакам. Им честитам на успехот, но јас навива за Аргентина и за сите други да бидам искрен“, додаде српскиот претседател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…