Mакедонскиот репрезентативец, Бобан Николов денес треба да стави потпис со италијански Лече.
Николов го напушта Мол Види на шест месеци пред истекот на неговиот договор и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Лече. Лече во овој момент е во горниот дел на табелата во Серија Б и ќе се бори за промоција во најсилната италијанска конкуренција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот е завршена работа, Николов е во Италија и ги минувал лекарските прегледи после што ќе биде и официјално промовиран во новиот клуб.
Во Лече веќе игра еден Македонец, Леонард Жута кој пристигна на почетокот на оваа сезона.
#SerieB | #Lecce, in arrivo il macedone #Bobanhttps://t.co/UUSXIcy3KX
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 18, 2021