Додека го чекаме новото финале во Лигата на шампионите време е да се потсетиме на оние најголемите во историјата.
Едно такво беше одиграно на денешен ден 1999 година во Шпанија на „Ноу Камп“. Ова финале навистина беше величенствено, а такво го направи Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никој никогаш, а тешко и дека некој во иднина ќе успее во рок од дваесетина секунди поразот да го претвори во незаборавна победа. Тоа му успеа на Алекс Фергусон и неговите момци против Баерн кога славеа со 2:1.
И статистиката од тој натпревар е апсолутно на страната на германцијата. Во шестата минута Марио Баслер од слободен удар го доведе Баерн во водство. Мемет Шол ја погоди стативата, а Карстен Јанкер малку подоцна ја затресе и пречката. Тоа не е се, Баерн пропушти премногу шанси да го реши тоа финале. Никој не можеше да почуствува каква драма ќе следи во финишот. Ферги клчните потези ги направи во 67 и 81 минута. Прво на теренот го испрати Теди Шерингам, а потоа и Оле Гунер Солскер.
Она што следеше не се опишува со зборови, доволно е да се каже: Најголемата победата на Јунајтед, а најтешкиот пораз на Баерн…