Дома Фудбал Враќањето на Меси се одложува!

Враќањето на Меси се одложува!

0

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе го пропушти и мечот со Валенсија од 4-то коло на Примера, кој на програмата е во сабота, пренесуваат каталонските медиуми.

32-годишниот Аргентинец се уште не започнал со целосни тренинзи со тимот, а се очекува тоа да го направи следната недела. Тој се здоби со повреда на 5-ти август и неговата рехабилитација се уште трае.

Меси се уште нема ниту еден настап оваа сезона, а без него Барселона освои едвај 4 бода во првите три кола во Примера.

Меси сигурно ќе го пропушти мечот против Валенсија овој викенд, но можно е да се врати на терените против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите во вторник.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Албанците на отварањето на новиот стадион направија кикс и ја „избањаа“ публиката (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Албанија вчера го одигра првиот официјален натпревар на новиот стадион…