Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Шкендија знаат кој е и што значи Тотенхем во Европа, но – нема предавање предвреме!

Во Шкендија знаат кој е и што значи Тотенхем во Европа, но – нема предавање предвреме!

Денес пред натпреварот со Тотенхем прес-конференција одржаа тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока и дефанзивецот, Егзон Бејтулаи.

Тотенхем секако е апсолутен фаворит, меѓутоа во Шкендија сигурно нема да се предадат предвреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Овој натпревар секако е специфичен. Знаете сите што е и кој Тотенхем, како и што тој клуб значи во Европа. Меѓутоа ние сме спремни да го дадеме максимумот, па ќе видиме што ќе биде“, изјави тренерот Ѓока.

Потоа зборуваше стоперот Бејтулаи.

„Знаеме против кого играме. Ние сме спремни да го дадеме максимумот, сигурно нема да излеземе со бело знаме. Во фудбалот се случуваат изненадувања, сме го виделе тоа многу пати“, порача Бејтулаи.

Натпреварот помеѓу Шкендија и Тотенхем се игра утре на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…