Дома Фудбал Англија Во Челзи ќе се „спие мирно“: Стравувањата залудни, Французинот останува во Лондон

Во Челзи ќе се „спие мирно“: Стравувањата залудни, Французинот останува во Лондон

Францускиот фудбалер, Н’Голо Канте останува во Челзи и покрај медиумските гласини за трансферот на крајот од сезоната.

26-годишниот Канте на „Стемфорд Бриџ“ пристигна летото 2016. година и од тогаш е незаменлив во првиот состав на Челзи. Партиите кои ги нуди не им избегаа ниту на останатите великани, па последниве недели се зборуваше за неговиот потенцијално заминување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во намерата да го украде од Челзи фантастичниот играч за врска беше и ПСЖ, чии челници се подготвени да издвојат вистинско богатство, меѓутоа Светците изгледа ќе мора да се откажат. Англичаните тврдат дека Канте нема намера да ги замени островските терени со оние француските, односно тој сака да остане во редовите на „Плавите“ и да му помогне на својот клуб во иднина да дојде до што повеќе трофеи.

Французинот за Челзи се покажа како маестрална инвестиција која чинеше, сега условно, 36 милиони евра. Со „Плавите“ во 2017. година ја освои Премиер лигата, а интересно е што тоа му беше втора во низа титула во Англија, со оглед на тоа дека една година претходно славеше и со Лестер.

Во актуелната сезона, Канте за Челзи одигра 35 натпревари и на теренот мина 2.977 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…