Дома Фудбал Лига на шампиони Во Тотенхем се надеваат, во Ливерпул стравуваат: Ќе продолжи ли „проклетството“ на Ловрен?

Во Тотенхем се надеваат, во Ливерпул стравуваат: Ќе продолжи ли „проклетството“ на Ловрен?

Хрватскиот дефанзивец, Дејан Ловрен повторно е во центарот на вниманието на островските медиуми пред новото финале на неговиот Ливерпул.

Како што им е на сите добро познато, Ловрен има црна низа кога во прашања се финалињата во последните три години. Во кариерата освои вкупно седум трофеи, но од кога премине на Островот никако не успева да го освои осмиот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шанса за тоа тоа ќе има на почетокот на наредниот месец кога неговиот Ливерпул ќе игра финале во Лигата на шампионите против Тотенхем.

Во Саутемптон немаше многу прилики за освојување трофеи, но затоа од доаѓањето во Ливерпул играше три финалиња. Сепак, сите три ги изгуби. Првото финале кое го играше беше против Манчестер Сити во Лига Купот во 2016 година.

Тогаш изгуби на пенали, а само некоку месеци подоцна доживеа нов пораз во финалето на Лигата на Европа од Севиља. За работата да биде полоша дојде и поразот во Лигата на шампионите од Реал Мадрид минатата година.

На проблемите за Ловрен со финалните натпревари тука не беше крајот бидејќи со Хрватска изгуби финале на Светското првенство во Русија. Подобра од Хрватска беше Франција со 4:2.

Навивачите на Ливерпул сега секако стравуваат од продолжување на проклетството на Ловрен, мала олеснителна околност им е што Ловрен веројатно нема да го започне натпреварот затоа што Клоп му дава предност на Матип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…