Најмалку осум лица загинаа, а околу 60 се сериозно повредени вчера во стампедо на стадионот Демпа Диоп во главниот град на Сенегал, Дакар, на кој се играше финалниот натпревар на Лига купот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Навивачите на тимовите УС Оукам и Стаде де Мбоур се судирија едни со други, а интервенираше полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.
Гледачите на натпреварот во паника се упатила кон излезите, а дел од трибните се урнале, што доведе до несреќата.

Претседателот на Сенегал, Маки Сал објави на Твитер дека оние кои стојат зад трагедијата ќе бидат казнети.