Дома Останати Во Сплит преку ноќ исчезна цела репрезентација од Азербејџан

Во Сплит преку ноќ исчезна цела репрезентација од Азербејџан

Сплит е домаќин на Европското првенство во кревање на тегови, првенство кое по првиот ден го обележа мистерсиозното исчезнување на репрезентацијата на Азербејџан. како што објави „Јутарњи лист“, на седумминат репрезентативци на оваа земја преку ноќ им се губи трагата.

На Европското првенство во Сплит пристигнале 42 репрезентации, меѓу нив и азербејџанската, со седуммина натпреварувачи: Октај Мухтаров, Махамад Мамадли, Камар и Хусеин Исмајлов, Иса Растамов и Илхам Мамадов, на кои по 24 часа им се губи трагата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативците на Азербејџан пристигнале во Сплит, се пријавиле во хотелот, а потоа им се губи трагата. Тие не се појавиле ниту во салата каде се одржува Европското првенство, ниту пак некој од седуммината Азербејџанци потоа бил забележан во хотелот каде го пријавиле својот престој.

Мистериозното исчеснување, според хрватските медиуми, е предизвикано од ригорозните допинг контроли. Азербејџанците минатата година останаа без седум ѕвезди во кревање на тегови, чии допинг тестови беа позитивни, поради што „Јутарњи лист“ се соменва дека ригорозната допинг контрола е причината за „исчезнувањето“ на една цела репрезентација.

Инаку, оддалеченоста на главниот град на Азербејџан, баку од Сплит по воздушен пат е 2.770 километри, а по копнен пат речиси 4.000 километри (3.973 км).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…