По 63 возбудливи натпревари во кои видовме многу изненадувања и емотивни моменти, СП во Русија се завршува со денешното големо финале помеѓу Франција и Хрватска.
Натпреварот почнува во 17:00 часот, а тимовите не се борат само за трофеј, шампионската титула, вечна слава и историја, туку и за пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победничкиот тим ќе заработи 38 милиони долари, три пати повеќе од пред четири години во Бразил. Оваа сума се однесува на комплетниот тим, а за распоредот на тие пари се задолжени националните федерации. Поразните во финалето пак, ќе заработат 28 милиони долари.
Белгија со победата над Англија е побогата за 24 милиони, два повеќе од Гордиот Албион.
Тимовите кои ги зазедоа позициите од до осмото место ќе добијат 16 милиони долари, а оние од 9. до 16. место, по 12 милиони.
Екипите кои не ги минаа групите, ќе добијат по 8 милиони долари.
Тоа значи дека ФИФА ќе подели награди во вредност од 400 милиони долари, односно 42 пари повеќе од пред четири години во Бразил.