Дома Фудбал Останато Во Русија за Бразил ќе имаат иста цел, но во ваква ситуација….Касемиро би го „преполовил“!

Во Русија за Бразил ќе имаат иста цел, но во ваква ситуација….Касемиро би го „преполовил“!

Добри пријатели се, ќе играат заедно во Русија, но нема дилеми како би реагирал…

Касемиро и Даглас Коста оваа недела ќе бидат на иста страна, двајцата Бразилци ќе бидат во тимот за натпреварите против Русија и Германија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тие се добри пријатели и соиграчи од репрезентацијата, но Касемиро не би имал милост во дуелот во ¼ финалето од Лигата на шампионите каде што ќе се сретнат Јувентус и Реал Мадрид.

Еве што ги интересираше новинарите.

„Пример: Се игра 85 минута, Даглас Коста оди кон голот, вие сте последен во одбраната. Дали ќе размислувате за Мундијалот и дека треба да игра со вас за Бразил“, беше прашањето од новинарите до Касемиро.

„Не би размислувал ниту моменти, би го преполовил“, изјави играчот од средината на теренот на Реал и стави јасно до знаење дека симпатиите и дружбата ја остава надвор од теренот кога во прашање е клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одби да тренира и почна штрајк: Денот кога Модриќ се избори за трансфер во Реал Мадрид

Лука Модриќ денес стана играч на Реал Мадрид. Капитенот на хрватската репрезентација се пр…