Дома Топ вести Во Париз спремаат нов „земјотрес“ – Кутињо би можел во Париз, одржан и состанок!

Во Париз спремаат нов „земјотрес“ – Кутињо би можел во Париз, одржан и состанок!

coutinho

Клубот од Париз има намера да и создаде нови проблеми на Барселона…

Откако изминатото лето ПСЖ го шокираше фудбалскиот свет со трансферот на Нејмар изгледа дека сега „светците“ имаат намера да и зададат уште еден тежок удар на Барселона.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Француски „Telefoot“ пишува дека ПСЖ преговара со менаџерот на Фелипе Кутињо, фудбалерот на Ливерпул и бразилската репрезентација кого Каталонците веќе долго време се обидуваат очајнички да го доведат, а посебно голем напор вложија во финишот од преодниот рок.

Сега Кутињо е мета и на ПСЖ, а тоа може да отвори и нови проблеми помеѓу Французите и Барселона. Откако трансферот на Нејмар предизвика тензии помеѓу двата клубови, сега тие би можеле да бидат зголемени. Ж

Доколку ПСЖ успеа да го доведе Кутињо, управата на Барса ќе „полуди“. „Теlefoot“ тврди дека ова не се само празни пишувања и дека бил одржан состанок со луѓето од ПСЖ и агентот на фудбалерот, минатиот понеделник.

Состанокот бил одржан во Лондон, истиот ден кога беше одржана и гала вечерта на ФИФА. Дека ова би можело да биде вистина говори и податокот дека ваква информација во јавноста пласираше и шпански „Спорт“. Значи информацијата за преговорите доаѓа од два различни извори.

liverpool

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…