Дома Фудбал Италија Во Неапол полудеа по Кварташкелија: Ќе се снима филм за Грузиецот!

Во Неапол полудеа по Кварташкелија: Ќе се снима филм за Грузиецот!

Грузиецот Квича Кварташкелија се покажа како супер засилување за Наполи оваа сезона и игра во фантастична форма.

Во редовите на Наполи 21-годишниот фудбалер дојде од Динамо Батуми за 10 милиони евра како замена за Лоренцо Инсиње и неговиот ангажман се покажа како полн погодок. Многу брзо Кварташкелија стана миленик на навивачите и ги освои симпатиите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Колку многу ги воодушеви во Неапол покажува информацијата дека и покрај тоа што таму е само три месеци веќе ќе се снима филм за него, документарецот според најавите би требало да излезе следниот месец.

Кварташкелија досега постигна седум голови и забележа осум асистенции во натпреварите од Серија А и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Париз носеле одлуки во последен момент, Баерн испрати жалба до УЕФА!

Баерн Минхен поднесе официјална жалба до УЕФА поради полициските мерки воведени во последе…