Дома Фудбал Во минатото се било поинаку: Знаете ли дека Реал го спасил фудбалот во Каталонија?

Во минатото се било поинаку: Знаете ли дека Реал го спасил фудбалот во Каталонија?

0

Во далечната 1906 година кога фудбалот беше на почетокот концептот на припремите скоро и да не постоел.

Реал Мадрид тогаш одиграл само шест натпревари – три за освојување на купот и три пријателски, но на 13-ти мај се случи нешто што од денешна преспектива изгледа невомзожно.

Играчите на Реал тогаш патувале во Каталонија за да и помогнат на Барселона која во тоа време била во голема криза.

Тогаш каталонскиот фудбал бил во проблематична ситуација. Барселона изгуби на „Сан Мамеш“ со 10:1 и се наоѓаше на самото дно.

Во тоа време Барселона пред голем број гледачи го победила Реал со 5:2, а целта била да клубот да се извлече од големата финансиска криза.

„Не смееме да зборавиме дека со тоа имавме повторно раѓање на фудаблот во нашиот град. За тоа мораме да бидеме благодарни“, напиша „Ел Мундо Депортиво“ за тој „спорен“ натпревар.

Реал и Барселона одиграле повеќе од 30 пријателски натпревари, последната се одигра во 2017 година. Кој знае дали денес некој од овие два клуба би му помогнал на другиот на таков начин како во таа 1906 година.

Денес „Ел Класико“ се смета за исклучително важен натпревар, па дури и ако се работи за неофицијален натпревар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса јавно му соопшти на Ракитиќ: Тој повеќе не е во нашите планови!

Иднината на Иван Ракитиќ веќе подолго време е главна тема во спортските медиуми, а после о…