Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска изјави дека новата повреда на Адам Лалана изгледаше „многу сериозно“, но додаде дека се уште е рано да се зборува за тоа дали неговите шанси да оди на Светското првенство се загрозени.
„Изгледаше многу лошо, нешто е со мускулот… Во прв момент, кога видов како падна, мислев дека е сериозно, да бидам искрен. Апсолутно е премногу рано да се зборува за Светското првенство. Се надевам дека нема да биде сериозно“, изјави Клоп за британските медиуми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ливерпул денеска го совлада Кристал Палас во гости со 2:1, но мечот го обележи и новата повреда на Лалана. Англискиот фудбалер се повреди само пет минути откако што влезе во игра. Тој успеа да го напушти теренот без помош, но Клоп по натпреварот беше загрижен поради повредата на Лалана кој неодамна се врати на терените по закрепнувањето од повредата на бутот.