Дома Фудбал Германија Во Леверкузен бесни: Грозно и жалосно е што тим како Рома ќе игра за титула!

Во Леверкузен бесни: Грозно и жалосно е што тим како Рома ќе игра за титула!

Баер Леверкузен доминираше во вчерашното полуфинале против Рома, но „волчицата“ сепак е тимот кој славеше пласман во финалето.

Мурињо постави „бункер“ пред својот гол и Германците не успеаа да го пробијат. Рома во целиот натпревар упати само еден удар кон голот, но резултат 0:0 им беше доволен.


Ниту „жешката“ Кнол не и помогна на Хрватска - домаќинот фуриозно! ↓↓↓


По елиминацијата секако владееше незадоволство кај фудбалерите на германскиот тим.

„Навистина штета што ваков тим избори финале. Играа грозен фудбал, честитки до Мурињо кој со одвратен фудбал се избори за натпревар за титула“, изјави фудбалерот Керем Демирбеј.

Со него се согласи и соиграчит Недием Амири.

„Не заслуживме да сме елиминирани од екипа која нема врска со фудбалот. Се прашувам како е можно ваква екипа да игра финале“, додаде Амири.

Критики испрати и спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес.

„Константно некој лежеше и се жалеше на тревата. Мислам дека навивачите на Баер ќе навиваат за Севиља. Жалосно е ваква да стигне до успех“, истакна Ролфес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реми меѓу Швајцарија и Шкотска

Шкотска и Швајцарција вечерва одиграа реми без победник 1:1, па Швајцарците со ова реми ст…