Дома Фудбал Останато Во Клуж бесни: Не исфрлија од Европа затоа што сме Романци!

Во Клуж бесни: Не исфрлија од Европа затоа што сме Романци!

Во јавноста се уште не стивнуваат коментарите поради скандалот со судијата на мечот ПСЖ – Башакшехир, а сега романски Клуж испрати критики поради за нив срамното судење во мечот против Јанг Бојс.

Од Клуж го обвинуваат судијата Беноа Бастиен дека им го украл пласманот во 1/16 финалето. Пред мечот Јанг Бојс имаше 7 бода, а Клуж 5 на табелата и на Романците им требаше пласман за место во нокаут фазата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клуж до водство стигна во 84. минута и тоа им беше доволно за второто место во групата. Во финишот судијата досуди пенал за Јанг Бојс откако процени дека голманот Кристијан Балградин го соборил играчот на Јанг Бојс. Во таа ситуација Балградин доби и црвен картон. Од пеналот Јанг Бојс изедначи, а три минути подоцна го постигнаа победничкиот гол.

„Судијата не исфрли од Лига Европа затоа што сме од Романија. Ние доаѓаме од мала земја и не сме за тука, сигурно сакаше Швајцарците да одат понатаму“, порача голманот на романскиот тим.

Остар беше и Марио Камара, капитенот на Клуж: „Ова беше срамно судење, не сум видел вакво нешто“.

Романскиот новинар Емануел Рошу пак смета дека таквото судење било последица од хаосот во мечот ПСЖ – Башакшехир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…