Дома Фудбал Италија Во Интер задоволни од последната одлука: Жанг ќе донира и 100.000 евра

Во Интер задоволни од последната одлука: Жанг ќе донира и 100.000 евра

Претседателот на Интер Стивен Жанг ја поздрави одлуката на италијанската Влада еден месец сите спортски настани да бидат без публика и вети дека ќе донира 100.000 евра во борбата против коронавирусот.

Пред неколку дена имаше судир помеѓу раководството на Интер и првиот човек на Серија А, се разменуваа и некои навреди, меѓутоа сега работите се смирени. Работата ја смири вчерашната одлука сите натпревари до 3. април да се играат без публика. Ова беше и единствено решение затоа што за одложување немаше време.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стивен Жанг ја поздрави оваа одлука и вети донација од 100.000 евра.

„Да се затворат вратите и сезоната да продолжи нормално е исправната одлука. Како претседател на фудбалски клуб и менаџер на организација која организира настани не можев да прифатам нешто кое би го загрозило здравјето на луѓето. Исправно беше тоа што одбивме да играме против Јувентус на делумно затворен стадион. Сега луѓето гледаат дека нашиот предлог беше коректен. Не ме загрижуваат празните трибини, ме загрижува ако го загрозуваме здравјето на луѓето“, изјави помеѓу другото Жанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…