Ракометната репрезентација на Македонија го победи Исланд 30:25 (15:13), во третото квалификациско коло, во Групата 4 за пласман на Европското првенство. Македонија по три одиграни натпревари има две победи и еден пораз, колку шти има и Украина, додека Исланд како и Чешка има една победа и два порази.
Раул Гонзалес во само неколку дена успеа да имплементира дел од својата ракометна филозофија во играта на македонската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако, македонските бавно го започнаа натпреварот, му дозволија на Исланд да поведе со 0:2 во првите 150 секунди, многу бргу Ристовски, Талески и Лазаров, направија пресврт и во 7.минута Македонија водеше 4:2.
Во овој период капитенот Лазаров и Талески постигнаа по два гола, а повратникот на голот на репрезентацијата Ристовски имаше четири одбрани.
Тактичко изнендување за Исланѓаните беше и тоа што Кире Лазаров играше во двата правци, а поради тоа Митков започна на позицијата десно крило наместо стандардниот Георгиевски.
Во првата половина од првото полувреме Македонија одржуваше предност од два до три гола (8:5, 9:6, 10:7).
Бариерата од три гола Македонија ја надмина во 18.минута, кога капитенот Лазаров, со мајсторски гол погоди за 11:7.
Разликата од четири гола „црвено-жолтите“ ја одржуваа до 26.минута (14:10), иако неколку пати пропуштија можност да се „одлепат“ на пет разлика.
Во последните четири минути Исланд одговори со серија 1:3, за водство на Македонија по првиот дел 15:13.
Блескаво првото полувреме имаше капитенот Лазаров, кој постигна осум голови со 100 настотна реализиација, додека Ристовски имаше шест одбрани.
Исланд го предводеше ветеранот Сигурдсон со пет голови.
Моментот од финишот на првиот дел Исланѓаните го пренесоа и во вториот и со уште една серија 1:3, во 36.минута го презедоа водството 16:17.
Македонија во тие моменти тешко играше во нападот, а Палмарсон на спортивната страна успеа да го разигра својот тим.
Минутата одмор на Раул Гонзалес ја врати Македонија во натпреварот. Профунционира врската Лазаров-Стоилов, Георгиевски постигна два гола од контранапад и во 43.минута „црвено-жолтите“ водеа 22:19. Оваа разлика (23:20, 24:21, 25:22, 26:23), македонските играчи ја одржуваа до 54.минута кога Исланд со два брзи гола се доближи на 26:25.
Македонија потоа одговори со иста мерка Миркуловски погоди со помош на дирекот, потоа Талески беше прецизен за 28:25, Миркуловски со нов гол во претпоследната минута ја врати Македонија на највисоките четири гола предност (29:25).
Но вистински херој во последните четири минути беше Борко Ристовски кој одбрани три топки.
Македонија до победата ја предводеа капитенот Лазаров со 10, односно Талески со пет голови и Ристовски со 12 одбрани.
Овие два репрезентации в недела, во Рејкјавик, ќе го одиграат реваншот, кој ќе започне во 19:45 часот.