Челзи сигурно ќе донесе еден врвен напаѓач на „Стенфорд Бриџ“ ова лето, но се поставува прашањето кој ќе биде тој.
Како што пишуваат англиските медиуми овие денови во Челзи постои своеврсна војна меѓу Антонио Конте и раководството, односно техничкиот директор Михаел Еменало.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Имено, италијанскиот стратег сака по секоја цена да го донесе Алваро Мората од Реал Мадрид, додека Еменало како идеално засилување во нападот го гледа Ромелу Лукаку.
„Сините“ се спремни да потрошат околу 70 милиони фунти за нов напаѓач, а главен аргумент на раководството за доведување на Лукаку е фактот што Белгиецот е прв стрелец во Премиер лигата и одлично ја познава англиската лига.
Од друга страна пак Конте смета дека Мората е покомплетен напаѓач и дека може да игра и како централен напаѓач и како партнер на Диего Коста.