Дома Фудбал Останато Вознемирени соседи го пријавиле Нејмар во полиција, Бразилецот платил казна

Вознемирени соседи го пријавиле Нејмар во полиција, Бразилецот платил казна

Бразилскиот фудбалер не настапи за ПСЖ на последните два натпревари, а медиумите во меѓувреме пишуваат дека во неговата вила постојано се случувале забави кои им пречеле на соседите.

Сега се пишува дека соседите го пријавиле Нејмар во полиција по натпреварот против Монпелје, тогаш Нејмар одлучил да направи голема забава во својата вила.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Соседите биле вознемирени и повикале полиција, а Бразилецот добил казна во износ од 135 евра што ако се знаат неговите примања е вистинска ситница.

Градоначалникот и остантите жители се решени да одат подалеку и да поднесат тужби ако Нејмар продолжи со забавите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…