Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Само реми за Вардар во Автокоманда, Пелистер и Воска убедливи, победи и Гостивар

ВМФЛ: Само реми за Вардар во Автокоманда, Пелистер и Воска убедливи, победи и Гостивар

Eкипите на Пелистер и Воска забележаа убедливи победи на стартот од пролетниот дел од Втората лига, според очекуваното тргна и Гостивар со победа, додека Вардар одигра само 1:1 против Арсими.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На свој терен на „Тумбе Кафе“ Пелистер го совлада Кожуф со 5:0, додека Воска Спорт беше подобра од Караорман со 4:1. Двоен стрелец за Пелистер беше ветерано Борче Маневски, погодија уште Бојан Спиркоски, Благоја Љамчевски и Бурхан Мустафов.

Воска немаше проблеми дома против против Караорман славејќи со 5:1.

Вардар во Автокоманда ремизираше со Арсими. Дарко Мицевски по половина час игра не реализираше пенал, а само четири минути подоцна Абдија донесе предност за Арсими. За 1:1 се погрижи Десниќ со голот на 20 минути до крајот.

Ринор Ајдини донесе победа за Гостивар против Локомотива. Тетекс кој со многу промени го стартуваше вториот дел доведувајќи дури 13 нови фудбалери го победи Охрид со 2:0, Беласица го доби Детонит со 2:1, додека Слога Виница со 4:0 го совлада Борец.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…