Дома Фудбал Винисиус е мета на расизам во Шпанија, а со последната изјава може и дополнително да ги налути навивачите

Винисиус е мета на расизам во Шпанија, а со последната изјава може и дополнително да ги налути навивачите

Винисиус Жуниор од редовите на Реал Мадрид, често пати е мета на расизам во Шпанија, а сега поради таквиот проблем со Шпанците побара на оваа земја да и биде одземено домаќинството на Мундијалот во 2026 година, ако нешто не се промени.

Бразилецот констатно реагира и зборува за ваквиот проблем во Шпанија и по оваа изјава би можел уште повеќе да биде мета на противничките фудбалери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ако ситуацијата со расизмот не се подобри до 2030 година, Мундијалот на Шпанија треба да и се одземе. Има време за промени до 2030 година и се надевам дека Шпанија ќе сфати колку е сериозно да се навредува некого на расна основа“, изјави Винисиус.

Ќе потсетиме, Шпанија во 2030 година треба заеднички да го организира Светското првенство со Португалија и Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одржан таен состанок на Левандовски со новиот клуб, Лапорта веќе го дознал тоа

Додека сезоната полека се приближува до клучниот период, големата ѕвезда на Барселона, Роб…