Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ доби големи пофалби од Кристијан Виери.
Влаховиќ е на мета на повеќе европски клубови, но тој се уште е во Фиорентина. Во минатата сезона беше одличен и постигна 21 гол на 37 натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Виери смета дека само Ерлинг Халанд во овој момент е подобар напаѓач од Влаховиќ во неговата генерација.
„Влаховиќ после Халанд е најдобар напаѓач во Европа во својата генерација. За него не е проблем да постигна 20 голови во сезона, што не е мала работа“.
Договорот на Влаховиќ со Форентина е до 2023 година, но во овие моменти се работи на продолжување на тој договор. Се шпекулира дека во новиот договор ќе има клазула од 70 милиони евра.