Дома Видео Видете какво шоу приредија фудбалерите на Барселона

Видете какво шоу приредија фудбалерите на Барселона

Во градското дерби, фудбалерите на Барселона приредија вистинско шоу за бројните посетители на Ноу Камп, како и за сите оние кои го следеа ТВ преносот. Иниеста, Нејмар, Суарез и главниот диригент Меси се разиграа во вториот дел и постигнуваа голови после спектакуларни акции.

Првиот гол беше мајсторија во три потези. Прекрасен старт на Маскерано, одличен пас на Иниеста и прецизна завршница на Суарез во 18 минута. Вториот гол во 67 минута пак беше вистинско ремек дело. Прво Иниеста нанижа три фудбалери на Еспањол на мал простор, топката дојде до Меси, кој помина уште четворица, биеше, а одбранетата топка стигна до Суарез кој повторно поентираше. Следната минута падна и третиот гол, повторно по мајсторија на Меси, но овојпат ’ќареше’ Жорди Алба.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И гостите постигнаа гол по прекрасно изведен контранапад во 79 минута преку Лопез, а конечниот резултат го постигна играчот на мечот Лео Меси во 90 минута.

Погледнете што се случуваше на Ноу Камп:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…