Дома Фудбал Англија Видео: Њукасл го победи Арсенал дома после 13 години – продолжува „црната“ гостинска серија за „топчиите“

Видео: Њукасл го победи Арсенал дома после 13 години – продолжува „црната“ гостинска серија за „топчиите“

Денес во рамките од 34 коло во терминот од 14:30 часот во Премиер лигата беше одигран натпреварот помеѓу Њукасл и Арсенал.

Њукасл денес славеше победа над „топчиите“ со 2:1. За Арсенал овој пораз беше пети пораз во низа на гостински терен, што е нешто што прв пат му се случува на Венгер во долгогодишната кариерата на клупата на лондонскиот клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Стартот на натпреварот не најаувваше ваков расплет. По една добра акција, Пјер Емерик Обамејанг во шеснаесетникот го пронајде Александар Лаказет кој постигна гол за 0:1 во 14 минута. Њукасл до изедначување стигна петнаесетина минути подоцна преку Ајзе Перез.

1:1 беше и резултатот со кој се замина полувремето.

Во вториот дел гледавме нешто посмирена игра и од двата клуба, без многу шанси на двете страни. Њукасл сепак успеа да искористи една од ретките. Во 68 минута Ричи погоди и ги постави конечните 2:1.

Треба да се спомене и дека за Њукасл ова беше прва победа против Арсенал на домашен терен после пауза од 13 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…