Дома Фудбал Италија Видео: Јувентус испушти сигурна предност во Бергамо, Наполи сам на врвот

Видео: Јувентус испушти сигурна предност во Бергамо, Наполи сам на врвот

„Старата дама“ испушти сигурно водство од 2:0 на незгодното гостување во Бергамо и одигра реми 2:2 против Аталанта.

Ова е прв кикс на „бјанконерите“ од почетокот на сезоната, па сега Наполи е осамен на врвот на табелата бидејќи има максимален број на бодови после 7 кола.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јувентус добро го започна натпреварот и дојде до водство преку Бернардески во 21-та минута, а само три минути подоцна Игуаин погоди за 2:0.

Иако во тие моменти се чинеше дека „бјанконерите“ ќе дојдат до нови три бода, нивиот играч Калдара, кој е на позајмица во Аталанта, намали на 2:1.

Во второто полувреме му беше поништен гол на Манџукиќ, а Кристанте го израмни резултатот на 2:2 во 67-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Озбилен хакерски напад врз Ајакс, загрозени лични податоци на членовите

Во неодамнешниот хакерски напад врз Ајакс, откриени се лични податоци на стотици илјади ре…