Дома Фудбал Германија ВИДЕО: Што ли се спрема? Лидерите на Баерн по новиот пораз си заминаа во соблекувалната

ВИДЕО: Што ли се спрема? Лидерите на Баерн по новиот пораз си заминаа во соблекувалната

Баерн Минхен се наоѓа во голема резултатска криза.

Тим кој од клупата го предводи хрватскиот тренер, Нико Ковач денеска на „Алијанц Арена“ одигра нерешено со Фортуна од Дизелдорф (3:3), а овој резултат ги налути навивачите на баварскиот гигант.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Лута е и управата на клубот. Лидерите на Баерн, Ули Хенес и Карл Хајнц Румениге си заминаа во соблекувалната веднаш по завршувањето на натпреварот и сигурно дека играчите и стручниот штаб ќе имаат причина да бидат загрижени.

Баерн по ова реми сега е далеку од водечката Борусија. Имаат девет бода минус и во моментов се на петтото место во Бундес лигата. Следното коло одат на гости против Вердер Бремен, а ќе видиме дали ќе има промени на клупата на овој тим.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Познато првото засилување на Реал за следната сезона!

Реал Мадрид не пропушта да вметне клаузула за повраток и затоа е јасно дека Нико Паз ќе би…