Дома Фудбал Останато Видео: Шкендија доцна се „разбуди“, но постигна гол за надеж!

Видео: Шкендија доцна се „разбуди“, но постигна гол за надеж!

Македонскиот шампион Шкендија беше поразена на гостувањето кај Розенборг со 3:1 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа.

Натпреварот почна лошо за македонскиот тим, по асистенција на Бендтнер, Џебали уште во 11-та минута го совлада Захов. Само четири минути подоцна самиот Бендтнер се запиша во листата на стрелците за 2:0.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тоа како да ја „разбуди“ Шкендија која почна да игра се подобро, создаваше шанси преку Ибраими, но не успеа да постигне гол. Пред крајот на првиот дел Леви погоди за убедливо водство на Розенборг од 3-0.

Шкендија ја искористи својата најзрела шанса и во 76-та минута постигна гол преку Жуниор за 3:1 и надеж пред реваншот во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан не бил прв избор за Модриќ: Хрватот сакал да потпише за друг тим, но го одбиле!?

Лука Модриќ ги игра последните натпревари за Реал. Капитенот на мадридскиот гигант ќе го н…