Дома Топ вести Видео: Чудо на кое се смееше цел Камп Ноу!

Видео: Чудо на кое се смееше цел Камп Ноу!

Барселона синоќа ја декласира Осасуна со 7:1, а натпреварот секако ќе остане запаметен по првиот гол на Хавиер Маскерано во дресот на каталонскиот гигант.

Хавиер Маскерано е еден од најконстантните играчи на Барселона во изминатите седум години, но сеуште се немаше израдувано на својот гол првенец во каталонскиот дрес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, после 319 меча Аргентинецот конечно го постигна својот првенец, откако Ракитиќ му дозволи тој да го шутира пеналот.

Во речиси една и пол децениската кариера, ова беше само втор погодок за Маскерано во првенство. Еднаш даде гол и во дресот на Ливерпул во сезоната 2007/08, пред точно девет години!

Урнебесна беше рекацијата и на клупата на Барселона, каде Суарез, Иниеста и останатите бурно и со смеа го прославија голот на својот соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус му зададе тежок удар на Влаховиќ: Во „Старата дама“ доаѓа засилување од Реал Мадрид

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус во јануари сака да го засили нападот и дека н…