Дома Останати Кошарка Видео: Хјустон со тројки ги уништи Вориорсите и изедначи во серијата

Видео: Хјустон со тројки ги уништи Вориорсите и изедначи во серијата

Кошаркарите на Хјустон славеа на домашен терен против Голден Стејт (127:105) во вториот натпревар од финалната серија на Западот и така изедначија на 1:1 во серијата.

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната одигра многу подобар натпревар отколку пред два дена кога пред своите навивачи беше поразен од Вориорсите. Покрај одличната игра во дефанзива, Хјустон беше фантастичен и во нападот, посебно кога во прашање е шутот за три поени.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ракетите имаа шут за три 16/42, резервистот Гордон (6/9 за три) и Харден (3/5 за три, 10скокови, 3 асистеција) беа најефикасни со по 27 поени. Такер уфрли 22 поени (5/6 за три, Тревор Ариза додаде 19 и Крис Пол 16.

Кај Вориорсите најрасполжен за игра беше Кевин Дурант со 38 постигнати поени (13/22 од игра, 3/7 за три), Стеф Кари запиша 16, а Клеј Томпсон осум поени.

Во следните два натпревари кои се играат на 21 и 23 мај домаќин ќе биде Голден Стејт.

Да потсетиме, во финалето на Истокот Бостон води со 2:0 против Кливленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ е кандидат за титула МВП, а ова се неговите конкуренти

Ѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ е финалист во изборот за најкорисен играч (МВП) на Америк…