Дома Фудбал ВИДЕО Хаос пред најголемиот натпревар во Јужна Америка. Полицијата фрли шок бомби

ВИДЕО Хаос пред најголемиот натпревар во Јужна Америка. Полицијата фрли шок бомби

Флуминенсе и Бока Јуниорс во сабота на Маракана во Рио де Жанеиро ќе го играат финалето на Копа Либертадорес.

Во пресрет на јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите, во бразилскиот град владее хаос.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според најавите, во Рио се очекуваат над 100.000 Аргентинци, а локалните медиуми јавија дека дошло до конфликт меѓу две навивачки групи на плажата, поради што интервенирала воената полиција.

На социјалните мрежи се споделуваат снимки од тепачки на плажата Копакабана каде е поставена фан зона.

Меѓу другото, поголема група локални навивачи наводно нападнала навивач на аргентинскиот великан на градските улици.

Еден аргентински навивач бил уапсен откако фрлал шишиња кон луѓето, а друг удрил куче и се обидел да нападне човек. За да ја смири ситуацијата, полицијата наводно морала да употреби „шок бомби“, гумени куршуми и солзавец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…